Махлуф: По земјотресот во Сирија, без покрив над глава останаа 298 илјади лица

Од:

Повеќе од 298.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по разорниот земјотрес, соопшти денеска сирискиот министер за локална администрација и животна средина Хусеин Махлуф .

Тој рече дека бројот на жртвите од земјотресот досега се искачи на 1.262, а дека 2.258 лица се повредени во деловите на Сирија кои се под контрола на сириската Влада, пренесе Си-Ен-Ен.

-Нашата земја не е во состојба да се справи со вакви катастрофи, особено поради загубата на 50.000 градежни машини и опрема поради војната, што ни е очајно потребно во оваа катастрофа, рече Махлуф на прес-конференција во Дамаск.

Тој посочи дека владата отворила 180 засолништа за раселените лица.

На територијата на цела Сирија во разорниот земјотрес што ги погоди таа земја и Турција загинаа најмалку 2.530 лица.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски