Четири момчиња од Сирија кои го преживеале земјотресот го опишале своeто тешко искушение на хуманитарната организација „Спасете ги децата“. Нивните приказни беа покриени од Sky News.
No words needed.
Hosni*, 17, explains how the #earthquakes in #Turkiye and #Syria destroyed his home, leaving him and his whole family with nothing⤵️ pic.twitter.com/TIQMwWBj95
— Save the Children International (@save_children) February 8, 2023
Сириецот Фирас (10) вели дека биле исплашени.
„Зградата се урна, сите беа внатре. Половина избегаа, другата половина почина“, вели Фирас.
Тинејџерот Хосни (17) живеел во зграда која била уништена по земјотресот.
„Почувствувавме како се тресат куќите. Тие што можеа да трчаат, трчаа. Останатите умреа. Заминавме само со душа, тоа е тоа. Ни работи како мобилни телефони не беа спасени. Ја имаме само облеката во која истрчавме од зградата. Се останато исчезна“, рече тинејџерот.
Сириецот Ајман има 13 години. Вели дека за време на земјотресот спиел, но го разбудил татко му, па излегле надвор.
„Зградата постојано се тресеше, а потоа стана урнатини. Бевме многу исплашени“, рече Ајман.
Амин (11) сè уште бил во кревет кога земјотресот се засилил. По некое време, кога земјотресот малку се смирил, сакал да го напушти станот, но нешто ја блокирало вратата.
“Не знаев како да ја напуштам зградата. Потоа го отворив прозорецот и скокнав низ него. Спиевме надвор во автомобилот, а утрото се возевме до куќата на мојот дедо”, изјави момче од Сирија кое го преживеа земјотресот.