Турската влада формираше 77 теренски болници во 10 провинции погодени од земјотресот, а студеното време ги отежнува спасувачките операции низ целата земја.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денеска на Твитер напиша дека во некои од овие болници може да се извршат итни хируршки операции. Коџа изјави дека повредените во земјотресот со ризична здравствена состојба со хеликоптер се префрлени во болниците во регионот, пренесе Си-Ен-Ен.