Пожарникари од Општина Куманово со возило и опрема заминуваат во Турција

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека пет пожарникари од Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција.

На вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен предлогот на Димитриевски за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

„Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите“, истакна Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе