Утрово во 8 часот и 48 минути е регистриран афтершок со јачина од 4,9 степени во Турција. ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри и 26 километри оддалечен од градот Гоксун каде живеат околу 34.200 жители.
Турција во понеделникот ја погоди разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, а подоцна во текот на денот и со јачина од 7,5 степени. Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани, додека бројот на загинати од разорните земјотреси долж границата меѓу Турција и Сирија надмина 8.700.
Екстремните зимски временски услови влијаат на спасувачките напори. Афтершокови се исто така потенцијална опасност – најмалку 125 магнитуда од 4,0 или повеќе ја погодија областа од понеделникот. Иако нивната фреквенција и јачина се намалуваат, сепак се можни последователни потреси од 5,0 до 6,0+ и носат ризик од дополнителна штета на ранливите структури и постојана закана за спасувачките тимови и преживеаните.