Честитка од Вељаноски по повод празникот Рош Хашана и еврејската Нова година

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ по повод празникот Рош Хашана и еврејската Нова година.

– Нека ве следат денови исполнети со многу среќа и здравје, а хармонијата и мирот нека бидат ваши постојани моменти. Посакувам да продолжиме заедно да ја градиме нашата држава, и вие како заедница имате голем придонес во тоа. Ќе ми биде задоволство како до сега, така и во иднина заеднички да правиме напори да изградиме модерна и демократска држава, но во исто време да ги зачуваме и надоградуваме темелните вредности на нашето општество кои почиваат на толеранција, соживот и меѓусебно разбирање.

Тоа впрочем е и во нашата заедничка традиција. Да ги почитуваме културните и религиските различности, и само така пред нас ќе имаме преспективна иднина за сите генерации. Шана Това, стои во честитката на Вељаноски до Романо-Николиќ.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска