А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почнуваат ископувањата на локалитетот „Визианус“ кај Куманово

by А1он04/09/2013 - 16:21211
Share0

Надлежните од НУ Музеј Куманово информираат дека од 10-ти септември, годинава започнува истражувањето на локалитетот „Визианус“.

Добивај вести на вибер

Со средства одобрени од Министертвото за култура стручни лица ќе започнат со ископување на локалитетот во кој освен археолози од кумановскиот музеј ќе работат и археолози од Музејот на Македонија и студенти по археологија.

– Планираме целосно да ја отвориме градбата за која се претпоставува дека е ранохристијанската црква со што таа ќе биде единствено истражена градба од тој вид во кумановскиот регион,по што ќе следат проекти за нејзина конзервација и презентација пред пошироката јавност, вели директорот на НУ Музеј Куманово, Анита Цветановска.

Како што информираат од кумановскиот музеј,локалитетот „Визианус“ е значајна римска станица, лоцирана на патот кој водел од Скопје (Скупи) кон Ќустендил (Пауталија).

– Локалитетот и претходно беше истражуван од археологот Звонко Николовски во периодот од 2001 до 2004 година кога се откриени градби од римско време,римски гробови и дел од градба за која се смета дека е ранохристијанска базилика, објаснува Цветановска.

Од Музејот се надеваат дека локалитетот за брзо време ќе стане познат и посетуван бидејќи се наоѓа во близина на регионален пат.

arheologijakumanovo

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Горан Наумовски27/07/2025 - 18:31

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:27

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Горан Наумовски24/07/2025 - 12:27

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски10/07/2025 - 13:0310/07/2025 - 13:04

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

Горан Наумовски09/07/2025 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен