Нервоза, пцовки и кавга со македонските полицајци – ова е сликата на граничниот премин Деве Баир повеќе од два часа.
Бугарите кои чекаат на Деве Баир за влез во Македонија за А1он велат дека од МВР им соопштиле дека паднал компјутерскиот систем, но прашуваат како е можно да работи при влез во Бугарија.
Нервозни не штедеа пцовки и навреди упатени кон македонските полицајци. „Името си го дадовте за пет чрвени“ им кажа еден од бугарските државјани.
– Чекаме повеќе од еден час со образложение дека системот е паднат, а гледаме дека кон Бугарија се влегува. Не веруваме дека е паднат системот. Се уште нема најава кога ќе не пуштат во Македонија. Не е задржан некој што е на некаков список на МВР туку сите сме задржани без причина, рече Никола Арнаудов за А1он од Фондација Македонија.
Виктор Стојанов пак од Фондацијата во видео снимката која ја достави до А1ОН вели дека никој не влегол повеќе од два часа и дека границата е блокирана спротивно на договореното со цел да ги спречи бугарите да дојдат на чествувањето на гробот на Гоце Делчев.