Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во парламентот изјави дека Белград можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија.
„Не сум воодушевен за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичката определба на нашата раководство“, изјави Вучиќ, пренесува N1 Србија.
Тој вели дека веднаш ставил до знаење дека ништо не му се допаѓа во предлогот на Европската унија поврзан со решението на косовскиот проблем.
„Ги изнесов најлошите детали од договорот за да укажам на тежината на ситуацијата“, изјави Вучиќ.
„Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека водењето на земјата бара огромна одговорност.