Меџити: За уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Изет Меџити и други приврзаници на т.н. „огнена група“ од ДУИ вечерва одржаа дебата во Гостивар.

– Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. Оваа коалиција не е за Европа туку за спас на Артан Груби. За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација, рече Меџити.

Тој зборуваше за иницијативата која ја повеле со сопартијците и за која рече дека е за спас на партијата и лидерот. Тој се осврна и на рејтингот, кој според него има тренд на опаѓање и дека се неопходни промени.

– На овие средби граѓаните ми рекоа добро што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот. Али Ахмети треба да го собере Централното собрание и да видиме кој треба да седи и кој да оди. Од нас никој не бара да биде дел од Владата, подвлече Меџити.

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.

На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик министер за одбрана, Муса Џафери, Блерим Беџети, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.

Би можело да ве интересира

Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски