–Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го смета за апсолутно неприфатлив недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинарката на ТВ Канал 5, Катерина Капковска, за време на денешната прес конференција.
– Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура. Агенцијата повторно апелира дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на медиумските работници, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи се навеува во соопштението од Агенцијата.