Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

Од:

Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата.

– Во рамки на акцијата „Криминални нишки“, полицијата во Тирана до сега демонтира и заплени 155 безбедносни камери поставени од криминални групи. Поради тоа, под истрага се 37 лица, кои незаконски ги поставиле камерите. Десетици камери се демонтирани и во Корча, Скадар Поградец. Материјалите се предадени на обвинителствата на правосудните области Корча и Поградец за понатамошни дејствија, соопшти полицијата.

Акцијата за демонтирање на камери продолжува и во другите области на земјата и ќе бидат демонтирани сите камери поставени вон законските прописи.

Според Ервин Карамучо, експерт и професор по криминалистика, во земјата има над милион такви камери.

– На територијата на земјата има поставени над милион камери, но не само од криминални елементи. Многу сопственици на бизниси и станови изјавија дека ги поставиле камерите за да се заштитат од грабежи, вели Карамучо за АБЦ њуз.

Додава дека секој граѓанин има право да поставува камери на јавните простори, но според експертот треба да се обрати до сертифицирани фирми и да ги постави согласно прописите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски