ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавена снимката од полицајците во Мемфис кои брутално претепаа Афроамериканец

Од:

Пет сега поранешни полицајци од американскиот град Мемфис се обвинети за убиството на 29-годишниот Тир Николс, Афроамериканец кој беше претепан до смрт на 7 јануари за време на рутинско застанување во сообраќај, а почина во болница три дена подоцна.

Полицијата објави вознемирувачки снимки од акциите на полицијата врз млад човек кој е со лисици на рацете. Станува збор за четири различни снимки.

На едно видео се гледа како полицајци без причина го удираат Николс најмалку 9 пати во 4 минути.

„Не направив ништо. Само сакам да си одам дома“, повторува Николс постојано.

„По ѓаволите, не направив ништо“, вели Николс додека полицајците му приоѓаат со извадени пиштоли.

„На земја, на земја“, се слушаат како му викаат полицајците.

„Добро, на земја сум“, се слуша како вели Николс.

„Стави ги рацете на грб пред јас да ти ги ставам… Ќе те клоцам по га*от“, му вика полицаецот. За момент се гледа како го прскаат со солзавец.

Николс потоа се гледа со лисици на рацете, а полицајците без никаква причина брутално го удираат со раце и нозе, го удираат и со нога по лицето.

Откако го ставаат во седечка положба, го удираат во грбот со нешто што личи на палка.

Откако тој е подигнат на нозе со лисици, се гледа како полицајците постојано го удираат Николс по лицето, предизвикувајќи тој да падне на колена. Неполна минута подоцна се појавува полицаец и повторно го удира Николс.

Во еден момент, додека тој лежи на подот, му приоѓа полицаец и го клоца.

Сè се случило само малку подалеку од неговата куќа, на само три куќи од неговата адреса, пренесуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски