САД санкционираа двајца поранешни српски пратеници од радикалната партија на Шешељ

Од:

САД ги санкционираа поранешните пратеници во националното собрание на Србија, Верица Радета и Петар Јојиќ поради вовлеченост во корупција, се вели во денешното соопштението на Стејт департментот.

Со овие санкции САД ја реафирмираат заложбата за борба против корупцијата во регионот, и покажуваат дека стојат „зад сите Срби во поддршка на демокртијата и владеењето на правото, а со повикување одговорност за сите кои ја злоупотребуваат власта за лични цели“.

-Радета и Јојиќ поткупуваа и застрашуваа сведоци кои требаа да се појават пред Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија а со цел да ги разубедат да дадат инкриминирачки докази против Војислав Шешељ, лидер на партијата Српска радикална партија (СРС), кој потоа беше обвинет за воени злосторства, истакна портпаролот Нед Прајс.

Во 2021 година српската влада одби да ги упаси и екстрадира Јојиќ и Радета, членови на радикалната партија на Шешељ.

Прајс рече дека поради ова тие го попречувале судскиот процес, со што Меѓународниот кривичен суд требало да издаде меѓународни налози за апсење поради негово непочитување, а ова било закана за регионалната стабилност и негативно за националните интереси на САД.

-Со овие санкции САД ја реафирмираат својата заложба за борба против корупцијата која што е штетна за јавниот интерес, го спречува економскиот прогрес на партнерите и е пречка за можностите на владите да одговорат ефективно на потребите на народите во регионот, истакнаа од Стејт департментот.

На Радета и Јојиќ и на нивното најблиско семејство им е забрането да патуваат во САД, а целиот имот што го имаат во Америка им се замрзнува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски