Заедно со 14 „Леопарди“, Полска ќе испрати уште 60 тенкови во Украина

Од:

Покрај најавените 14 тенкови Леопард 2, Полска во Украина ќе испрати уште 60 модернизирани тенкови, меѓу кои се и полските тенкови ПТ-91 Тварди, објави на својот канал на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Во интервју за канадскиот ТВ канал CTW News, полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека 30 од тие 60 тенкови ќе бидат модели ПТ-91 Тварди, додека останатите 30 ќе бидат модернизирани верзии на советските тенкови Т-72.

ПТ-91 е борбен тенк заснован на дизајнот на советскиот Т-72, ​​кој беше користен од двете страни во руско-украинската војна. Но, за разлика од модернизираните тенкови Т-71, Полјаците ги произведуваа тенковите Тварди „од нула“ со свои делови во периодот од 1995 до 2002 година.

„Тварди“ има подобар реактивен оклоп, напреден систем за автоматско полнење на цевката по пукањето и новодизајниран систем за контрола на оганот, пишува „Киев Индипендент“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија