Финскиот министер за надворешни работи рече дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција рече дека нема да го поддржи шведскиот влез во Алијансата.
Турција збесна по протестот пред турската амбасада во Стокхолм каде меѓу другото беше запален Куранот.
Пека Хаависто, финскиот министер за надворешни работи, сепак додаде дека заедничкиот пристап е првата опција.