(ВИДЕО) Андреј Ковачев: Напаѓачите му се заканувале на Пендиков дека ќе го убијат оти бил Бугарин

Од:

Тројцата напаѓачи кои го претепале секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков биле идентификувани веднаш, а за ова министерот за надворешни работи Бујар Османи за половина час го известил европратеникот Андреј Ковачев.

– Сношти Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија ме информира дека тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот клуб во Охрид и му се заканувале дека ќе го убијат оти бил Бугарин. Информирани се сите, дури и Бујар Османи и нашето МНР за да се расчисти случајот. За половина час Османи ми напиша дека тројцата напаѓачи се идентификувани. Очекувам моментална реакција и од двете страни. Тоа е европски начин на решавање на проблемите. И да не му се допаѓа на некој историјата или етничката припадност, немаш право да го претепаш и да го заплашуваш и него и семејството.

Не е добро момчето, му се јавив на кратко. Не сакам да говорам какви се последиците, физичките трауми се сериозни, но и психолошките трауми – рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата „Бугарија во етер“.

„А1он“ претходно објави дека дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, синоќа бил претепан од три лица, а нападот бил извршен синоќа околу 21 часот пред угостителски објект во центарот на градот.

„На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, рекоа од СВР Охрид за „А1он“.

Агенцијата БГНЕС објави дека 21-годишниот Бугарин од градот Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани пршлени, ребра и скршена вилица, а објави и фотографија од нападното лице.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on