Најмалку 15 војници загинаа, а тројца тешко се повредени во пожар во касарна во источна Ерменија, соопшти Министерството за одбрана.
„Според првичните информации, 15 војници загинаа поради пожар што избувна во инженерскиот и снајперскиот оддел“, соопшти Министерството.
„Состојбата на тројцата војници е сериозна“, се додава. Според соопштението на министерството, пожарот избувнал во денеска во раните утрински часови во селото Азат, во провинцијата Гегаркуник (ест), а причината се уште не е утврдена.
Во август, повеќе од десет луѓе загинаа во експлозија и последователен пожар на многу фреквентен пазар во главниот град Ереван.
A fire broke out in the barracks of a military unit in the village of #Azat in #Armenia.
The building with an area of 104 square meters was completely burnt out. Fifteen servicemen were killed and three others are in a serious condition. Causes of the fire are being found out. pic.twitter.com/L3ssyZfLDA
— NEXTA (@nexta_tv) January 19, 2023
Ерменија, кавкаска земја со три милиони жители, се опоравува од тешкиот пораз претрпен во војната во 2020 година против соседен Азербејџан и од политичката криза што следеше. И покрај фактот дека борбите завршија, тензиите сè уште опстојуваат меѓу двете соседни земји.
Последните тензии деновиве се однесуваат на блокадата на коридорот Лачин, кој ја поврзува Ерменија со регионот Нагорно-Карабах, меѓународно признат како дел од Азербејџан, но контролиран од етничкото ерменско малцинство, со помош на Ерменија.