(ВИДЕО) Стоилковски: Бегството го организираат Срѓан Димитриевски од СДС и Идриз Асани, затворски полицаец од ДУИ?

Од:

„Ниту Миле Зечевиќ, ниту СДС не одговорија на прашањата од јавен интерес, а поврзани со скандалозното сценарио и бегството на осуденик од Идризово! Затоа денеска продолжуваме со уште една низа во насока на тоа како се одвивало бегството и кој се е инволвиран од структурите на коалицијата на криминалот“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Коалицијата на криминалот СДС/ДУИ мора да одговори дали со Срѓан „со шефот до крај“ Димитриевски, главна улога во сценариото за бегството на осуден убиец има и Идриз Асани, затворски полицаец од Студеничани?

Дали коалицијата Димитриевски – Асани се главни организатори или само извршители на ова бегство?

Дали Идриз Асани е член на ДУИ и десна рака на заменик – директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, претседател на огранокот на ДУИ во Студеничани? Дали Срѓан Димитриевски и Идриз Асани работеле сами, или сепак одлуката за бегството е донесена на повисоко ниво?

Дали зад бегството постои уште една порака „со шефот до крај“?

Дали бегството на затвореник во Идризово го организираат Срѓан Димитриевски од СДС и Идриз Асани од ДУИ?

Македонија ја претворија во територија на мафијата, на криминалците, на убијците. Затворската администрација ја наполнија со партиска војска. Затворски казни издржуваат само оние што немаат врска со мафијата, со Спасовски, со Зечевиќ, со СДС/ДУИ коалицијата на криминалот и корупцијата. Додека царува криминалот, затворите служат за политички пресметки!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот