Паразит „коњско влакно“ пронајден во водата за пиење од тетовскиот градски водовод

Од:

Паразит „коњско влакно“ во водата од тетовскиот градски водовод пронашол утрово Сабедин Јашари (62), жител на улицата „Прохор Пчински“ во Тетово.

Водата од градскиот водовод Јашари од скоро ја користи само за миење и перење, а за пиење купува зашто, вели, за неполн месец во неа четири пати пронашол паразити.

– Кога има вода, децата  постојано доаѓаат и пијат од чешма, така што може да им се случи нешто. Еднаш, кога жените ги миеја чиниите, исто така излезе ваков црв, но го фатив и го фрлив, рече Јашари.

Претставници од Јавното комунално претпријатие го посетија домот на Јашари, но не сакаа да дадат изјава за тоа како паразитот се нашол во водата.

Според информациите од тетовскиот Центар за јавно здравје, коњското влакно е паразит што се наоѓа во води кои не се хлорираат и обично онаму каде што има комарци и други инсекти. Не предизвикува болест кај луѓето, но не смее да го има во водата за пиење.

Водата во градскиот водовод со кој се снабдува Тетово редовно се хлорира и контролира и е исправна, велат од Центарот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината