Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Од:

„Бисера Костадиновска уште еднаш покажува целосна отсутност и незаинтересираност за македонските обележја. Карневалот во Вевчани повторно остана, без поддршка од министерството за култура на Република Македонија“, рече Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.

„Вевчанскиот карневал е во постапка за да влезе на листата на културно нематеријално наследство. Карневалот е препознатлив симбол за Вевчани и Македонија. А, Вевчанскиот карневал останува без помош од министерството и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Никаков слух од страна на министерката и оваа криминална власт за да се помогне оваа традиционална манифестација по која е позната државава во светски рамки.

До пред две години, Вевчанскиот карневал редовно беше дел од годишната програма на министерството за култура, секоја година беа покровители на овој меѓународен карневал.

Почитувани, и покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има и тој ќе се одржи.

Вевчанци нема да дозволат оваа манифестација да не се одржи, нема да дозволат згаснување на традицијата, згаснување на културата и бришење на македонското нематеријално наследство. Локалната власт предводена од градоначалникот Спасе Кочовски, како и покровители и љубители на карневалот, со сите свои напори ќе ја организираат оваа светска манифестација.

Ги повикуваме сите граѓани од 12-ти до 14-ти јануари да дојдат во Вевчани, да го посетат карневалот, со што директно ќе се покаже пркос кон антимакедонските политики на СДС/ДУИ“, изјави Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Без традиционалното василичарско оро симболично одржан Вевчанскиот карневал

Горан Наумовски

Откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски

Со дефиле под маски почнува Вевчанскиот карневал, традиција од околу 15 века

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици