Принцот Хари: Убив 25 луѓе во Авганистан

Од:

Британскиот принц Хари призна дека убил 25 луѓе додека служел во Авганистан, пишува Sky News, повикувајќи се на извадок од книгата.

„Секогаш можев да кажам точно колку непријателски борци убив. Значи мојот број е 25. Не ме исполни со задоволство, но ниту се чувствував срам“, цитира ТВ каналот извадок од книгата на Хари.

Принцот Хари претходно изјави дека десет години поминати во британската армија му дале искуство кое не е како било кој друг член на кралското семејство. Тој служеше во армијата од 2005 до 2015 година и се пензионираше како мајор.

Учествувал во битките во Авганистан во 2008 и 2012 година.

Британскиот принц во своите мемоари признал и дека користел дрога кога имал 17 години, пренесува Sky News.

„Тогаш користев кокаин…Не беше многу забавно и не се чувствував особено среќен поради тоа… Имав седумнаесет години“, напишал принцот Хари во мемоарите.

Објавувањето на мемоарите на принцот Хари „Spare“ е закажано за 10 јануари.

Би можело да ве интересира

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко кралот Чарлс III, Меган Маркл ќе остане во Калифорнијa

Чарлс и Вилијам немаат коментар за книгата на Хари

ВИДЕО: Успехот на Камала Харис се слави и во мало село во Индија

Катерина Ѓуровски

Меган и Хари очекуваат бебе

Наум Локоски

Принцот Хари сака да го покани Обама на венчавката, аналитичари сметаат дека тоа ќе го налути Трамп

Наум Локоски