Минатата година „бебешки бонус“ во Албанија добиле над 40 илјади бебиња

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи најави дека владата и во текот на годинава ќе исплаќа еднократен паричен надоместок за секое новороденче, што е петта година на ред.

Рама пишува дека во 2022 година бебешки бонус добиле над 40 илјади новороденчиња, објавувајќи при тоа фотографии од првите родени бебиња оваа година.

-Ќе продолжиме со поддршката предвидена со оваа програма, како што во 2022 година беа поддржани 42.060 деца. На нивните семејства, заедно со радоста, им го донесоа и бебешкиот бонус. И оваа година го гарантираме бонусот за бебе. Децата пред сè. Ви посакувам среќна и здрава година, напиша Рама.

Споредено со претходната година, во земјата, исплатен е 3.521 надоместок помалку.

Од јануари 2019 година, од кога почна да се спроведува оваа програма, бонус добива секое бебе независно од тоа дали неговите родители живеат во Албанија или во странство, но треба да биде запишано во матичната книга на родени. До сега правото го оствариле околу 152.000 деца, при што според медиумите, само околу 30 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја.

За првороденче еднократниот паричен надоместок изнесува 40 илјади леки, 80 илјади за второ родено и за трето и секое следно родено дете во семејството 120 илјади леки. Доколку се близнаци или тројка секое од бебињата добива по идентичен износ.

Чекот родителите го добиваат во породилиштето, заедно со извод од матичната книга на родени. За деца кои се родени во приватни болници или во странство, чекот го издава Министерството за здравство по евидентирањето на новороденчето во Управата за матична евиденција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов