Уапсен осомничениот за бомбашките напади во Ерусалим

Од:

Израелската полиција соопшти денеска дека е уапсен Палестинецот кој е осомничен дека извршил два смртоносни бомбашки напади во предградие на Ерусалим пред еден месец.

Во соопштението се наведува дека осомничениот е уапсен шест дена по експлозиите на 23 ноември во кои две лица загинаа, а повеќемина беа повредени, соопшти полицијата и службата за внатрешна безбедност Шин Бет.

Тој е идентификуван како Ислам Фарух (26) и е наведено дека делувал сам, воден од идеологијата која е слична на таа која ја заговара терористичката организација Исламска држава.

Првата експлозивна направа експлодирала на прометна автобуска станица на главниот влез во Ерусалим, а втората 30 минути подоцна на автобуска станица во близина на населба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Американски дипломат е пронајден мртов во Израел

Растат тензиите во Ерусалим на две недели пред светиот муслимански месец Рамазан

ВИДЕО: Напад во Ерусалим, има мртви

Израел: Напаѓачите во Ерусалим веќе биле во затвор поради тероризам

Израел: Цивилите во Ерусалим беа застрелани од Хамас

Горан Наумовски