Вучиќ: Косовските власти имаат цел да го протераат „непослушниот“ српски народ од северот на Косово

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ одржа конференција за медиумите по средбите со патријархот Порфириj и се осврна на ситуацијата во Косово и ескалацијата на тензиите. Тој нагласи дека Србија ќе продолжи да води разговори во интерес на српскиот народ на Косово.

„Разговараме со претставници на меѓународната заедница, ги застапуваме интересите на српскиот народ на Косово. Србите не излегоа на барикадите затоа што им текна. Тие што заедно со земјите од НАТО го погазија територијалниот интегритет на Србија и денес се обидуваат да го направат тоа“, рече тој. Тој објасни дека се разговара и со американски претставници.

Тој на крајот од својот говор кажа и што имаат како цел косовските власти.

„Нивната цел е да ја протераат Србија засекогаш од Косово, а особено да го протераат непослушниот српски народ од северот на Косово. Затоа тие ги користат сите свои агенти во Белград и на многу други места. Ова е нешто со кое ќе треба да се справиме“, заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски