Саудискиот клуб Ал-Наср е толку сигурен дека веќе го има потписот на Кристијано Роналдо што веќе закажале лекарски прегледи пред трансферот во јануарскиот преоден рок, тврди „Си-Би-Ес“.
Богатиот клуб од Блискиот Исток стана фаворит за потписот на Роналдо, откако тој го раскина договорот со Манчестер јунајтед пред Светското првенств во Катар, додека неговиот агент Жорге Мендеш не успеа да најде европски клуб кој учествува во Лигата на шампионите за 37-годишниот Португалец. Според изворите на „Си-Би-Ес“, Роналдо има понуда за седумгодишен договор вреден 75 милиони долари по сезона, односно тој би земал неделна плата од милион долари.
Тие веќе им букирале сместување на Роналдо и неговите советници и се верува дека основните услови на договорот се веќе усогласени и дека се чека само конечната одлука наа Роналдо.
Доколку стави потпис на договорот, тој покрај високата плата ќе биде и амбасадор на Саудиска Арабија во кандидатурата за Светското првенство во 2030 година, а му се ветува и улога во водењето на клубот, со именување на тренер по негова желба ако тоа го посака. „Си-Би-Ес“ исто така тврди дека Ал-Наср исто така се заинтересирани за трансферот на Н’Голо Канте, францускиот репрезентативец чиј договор со Челси завршува на крајот на сезоната.
Извор: Топспорт