Поради налетот на арктичкиот студ што вчера зафати поголем дел од САД, повеќе од 800.000 луѓе останаа без струја, најмалку 16 лица загинаа во сообраќајни несреќи, а илјадници останаа заробени поради откажани летови.
Екстремно ниските температури во досега најстудената Бадник извршија голем притисок врз енергетските системи низ земјата поради големата побарувачка за греење и оштетувањето на линиите за снабдување предизвикани од невремето.
Wild scene from Buffalo as homes are fully covered in Snow.#Buffalo #NY #newyork #snow #WinterStorm #WinterSolstice
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/anmxTr9HCh pic.twitter.com/NY5ftRnUUX
— Top Disaster (@Top_Disaster) December 25, 2022
Овие нарушувања ги превртеа празничните навики и плановите на милиони Американци за време на најпрометниот период на патување во годината.
Повеќе од 2.500 летови беа откажани во саботата, по 5.000 во петокот, според системот за следење летови FlightAware.
Најмалку 16 лица загинаа во сообраќајни несреќи предизвикани од временските неприлики, а стотици останаа заробени на замрзнати и завеани патишта, јавуваат медиумите.
Минеаполис беше најстудената точка во Америка во саботата каде беа измерени минус 21 степен. На божиќното утро најстудено место ќе биде Фарго, Северна Дакота, со речиси минус 30.
At least 9 people died due to a snow storm in the United States. In the video, the states of New York and Michigan.
According to the media, due to strong winds and a sharp cold snap, more than a million households were left without electricity.#WinterStorm #USA pic.twitter.com/l4dOEo1fdq
— Madhaw Tiwari (@MadhawTiwari) December 24, 2022
Временските услови ќе бидат умерени од вторник од запад кон исток на Америка, во висорамнините и центарот на САД, но источниот брег ќе се загрее до четврток или петок.
Екстремните временски услови ги принудија властите ширум земјата да отворат центри за затоплување во библиотеките и полициските станици за да ги заштитат бездомниците.
Државниот метеоролошки завод објави дека неговата карта на сегашни и идни метеоролошки опасности има „најмногу предупредувања за зимски услови досега“.