Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на Гордана Јанкулоска во прво видео интервју говори за состојбата во која се наоѓа ексминистерката, која сега е затвореник во „Идризово“. Таа е единствената од сите министри на Груевски која ја одлежува казната. Јавноста бара Јанкулоска да биде ослободена, а Илиевски искажа благодарност на јавноста. Во интервјуто за „А1он“ за првпат говори за тоа дали Јанкулоска верува во „жолти комбиња“, за односите со Груевски, за тоа дали има страв од Мијалков.
„Не е тој единствен начин за да не се заврши во затвор. Немало директна понуда, но имало пријателски-добронамерни советувања дека ако прифати да соработува, ако јавно се дистанцира од минатото и сегашното раководство, доколку прифати одредени политики како менување на Уставот, дека ќе помине подобро. Јас верувам дека некои нејзини бивши колеги прифатиле такви дилови бидејќи гледаме дека само таа се наоѓа кај што се наоѓа. А дел од нив се сѐ уште угледни граѓани, пишуваат колумни, ги викаат на средби во Амбасади….“, вели Илиевски за „А1он“ во дел од одговорот на прашањето дали со 36 милиони евра, Јанкулоска ќе можела да се спогоди и да добие слобода.
Илиевски говори за тоа кој ја прислушувал Јанкулоска, но и кој нарачал незаконски да и ги следат разговорите. Одговара и на прашањата, какви се односите на Јанкулоска и Катица Јанева во затворот, какви биле телефонските разговори со Груевски откако избегал од Будимпешта, но и дали Јанкулоска се плаши од Мијалков. Илиевски го искоментира и враќањето на Груевски во Македонија, како и враќањето на Јанкулоска во политиката.
Ова и многу повеќе за состојбата на Јанкулоска во интервју за „А1он“.