Предновогодишна депресија во Скопје, се жалат граѓаните. Скопје никогаш не било вака тажно и празно пред Нова година. Како виновник ја посочуваат градоначалничката Данела Арсовска, која социјалните мрежи ја нарекуваат Гринч – крадецот на новогодишниот дух.
Сепак и на нас не може човек да ни погоди – кога се кити, народот коментира дека се трошат пари безпотребно, дека треба наместо китење да се наменат за друго. А кога не се кити повторно не ни чини, депресивно ни е.
Сепак неколку градови во Македонија се пример дека може да се накити спектакуларно, а да се потрошат нула денари од општинската каса.
Како се накитени Крива Паланка, Охрид, но и главните градови во регионот Белград, Загреб, Софија, Тирана – Гледајте во анализата на Скен.