ДУИ: Мицкоски со антиалбанска реторика стреми да го запре падот на рејтингот

Од:

Демократската унија за интеграција ја осудува антиалбанската реторика на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со која тој бара слабеење на политичкото претставување и дефакторизирање на Албанците во земјата.

„Во 2022 година, сè уште имаме политички лидери во земјата кои продолжуваат да демонстрираат непочитување кон изразената волја на албанските граѓани за нивно политичко претставување со цел очајно да освојат некои екстремистички гласови во сенка на нивната опаѓачка популарност.

Денешната изјава е демонстрација на тенденцијата на Мицкоски дека ги сака немоќните, безгласните, нефакторизирани Албанци, во негова служба и на нивните моноетнички, антиевропски и антиамерикански агенди“, велат од ДУИ.

„На ВМРО му пречи Демократската унија за интеграција и нејзиниот проевропски и проамерикански став.

Демократската унија за интеграција има целосен легитимитет од граѓаните на демократски избори и ја материјализираше таа доверба работејќи на факторизирање на нивниот глас и потреби, во корист на мирот, демократските процеси, еднаквоста, интеграцијата во НАТО, добрососедството и унапредувањето на процесот на интеграција во Европската Унија.

Граѓаните на државата, заедно со ДУИ, нема да дозволат државата да се дезориентира од европскиот пат и реализација на деструктивната тенденција на Мицкоски и неговите сопартијци кои веќе се во отворен натпревар со антиалбанската Левица, анти НАТО, анти ЕУ и анти Америка за екстремистички гласови“, соопштува ДУИ.

Би можело да ве интересира

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ