Во Шкотска, 16-годишниците ќе можат законски да го променат полот

Од:

16-годишниците ќе можат да аплицираат за промена на полот во Шкотска, одлучи шкотскиот парламент. По два долги дена расправа во шкотскиот парламент, контроверзниот предлог-закон за реформи за признавање на полот беше усвоен со 86 гласа „за“ и 39 „против“.

Законот се покажа како еден од најконтроверзните за децентрализацијата на парламентите во Велика Британија, но беше усвоен со поддршка на многумина во СНП, Зелените, Лабуристите и Либерал-демократите.

Противниците изразија загриженост за неговото влијание врз безбедноста на жените и девојчињата, тврдејќи дека законот не требало да биде усвоен бидејќи не ги штити правата на жените и просторот каде е дозволен влез само за еден пол. Специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените и девојчињата рече дека реформите би можеле да им овозможат на насилниците да го „злоупотребуваат“ системот.

Нацрт-законот исто така се покажа контроверзен бидејќи значи дека законите во Шкотска сега ќе се разликуваат од оние во остатокот од Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски