Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

Од:

Началникот на руската армија изјави дека руските војници во Украина се „фокусирани на завршување на ослободувањето“ на Доњецк, источен украински регион за кој Москва тврди дека го анектирал.

„Ситуацијата на фронтот е стабилизирана и главните напори на нашите војници сега се насочени кон завршување на ослободувањето на територијата на Доњецката Народна Република“, нагласи на брифингот началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов.

Руските сили го контролираат речиси целиот регион Луганск, но само околу 60 отсто од регионот Доњецк. Од август, тие се заглавени во скапа и продолжена борба за Бахмут, индустриски град во регионот на Доњецк со предвоено население од околу 70.000.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина