(ВИДЕО) Мини депонија пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, сцена како од хорор филм

Од:

Мини депонија. Вака изгледа плочникот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ утрово. Отпадот е расфрлан на сите страни. Ова доаѓа по вчерашниот настан на Сојузот на турските невладини организации во Македонија, на кои присуствуваа и високи владини претставници, меѓу кои и премиерот. Остатоци од бургери, пуканки, пластични шишиња, кифли е само дел од она што можеше да се забележи наоколу.

Случајните минувачи сликата која можеа да ја видат ја опишуваа и како „сцена од хорор филм“. Пластиката ја собираа лица кои потоа ја даваат на преработување, додека од отпадот се хранеа птиците и кучињата.

Пред салата „Борис Трајковски“ со недели стои искршена и фонтаната на плочникот. Досега, никој нема преземено ништо за нејзина санација.

Би можело да ве интересира

Аеродром собра 10 тони отпад за еден ден

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

На депонија „Вардариште“ живеат над 200 луѓе, потпалувањата се дело на мал дел од тие што живеат таму, вели Тошковски

Нов пожар, гори фабрика за пластика, црни чадови над Скопје

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Хаос во Бирмингем: Ѓубре насекаде, а стаорци големи како мачки трчаат по улица