Талибанците објавија забрана на жените да посетуваат универзитети во Авганистан, се наведува во писмото на министерот за високо образование. Одлуката се очекува да стапи во сила веднаш.
Ова дополнително го ограничува пристапот на жените до формално образование, имајќи предвид дека тие се веќе исклучени од средното образование. Пред три месеци илјадници девојчиња и жени полагаа приемен испит низ Авганистан.
Но, беа наметнати сеопфатни ограничувања за предметите што можеа да ги изучуваат. Забранети им се ветеринарството, инженерството, економијата и земјоделството, а новинарството е строго ограничено. Откако Талибанците ја презедоа власта, студентките можеа да ги учат само професорки или старци. Во ноември, властите им забранија на жените да влезат во парковите во главниот град Кабул.