Претставен е изгледот на банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс. Банката на Англија наведува дека употребата на новите банкноти ќе започне во средината на 2024 година.
The Bank of England has unveiled King Charles III’s banknote portrait. The banknotes will enter circulation in 2024. 👑💷 pic.twitter.com/QLK90sbFrd
— Leon Lesley Dobie (@leon_dobie) December 20, 2022
Сликата на британскиот монарх ќе се најде на банкноти од пет, десет, 20 и 50 фунти, а освен ликот на кралот Чарлс, нема да има промени на постоечкиот дизајн, соопшти Банката на Англија.
„Многу сум горд што Банката го открива изгледот на нашите нови банкноти кои ќе го прикажуваат ликот на кралот Чарлс III. Ова е значаен момент, бидејќи кралот е само втор монарх што се појавува на нашите банкноти“, рече Ендрју Бејли, гувернер на Банката на Англија.
Банката на Англија истакна дека се очекува новите банкноти да бидат пуштени во оптек во средината на 2024 година, а во употреба ќе бидат и сите банкноти со ликот на кралицата Елизабета, која почина во септември.
Бакингемската палата најавува дека банкнотите со ликот на новиот британски монарх ќе се печатат само во случај да треба да ги заменат оштетените постоечки и кога ќе има потреба од печатење дополнителни средства.
Тоа значи дека старите банкноти нема да бидат исфрлени од употреба.
Причината за ваквата одлука е заштитата на животната средина, што не е чудно со оглед на тоа што кралот Чарлс е еден од водечките еколошки активисти во светот и основач на современиот концепт за производство на здрава храна.
Кралицата Елизабета Втора беше првиот британски монарх што се појави на банкнотите на фунти.