Во периодот јануари – август Албанија ја посетиле над 2,5 милиони туристи, што е за 236.462 туристи помалку споредено со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Тирана.
Далеку под очекувањата беа месеците мај и јуни и јули, кога поради изборите, нестабилното време и месецот на постот Рамазан, плажите на албанското крајбрежје беа речиси празни.
Затоа пак во август сместувачките капацитетите беа преполни, а бројот на туристите споредено со истиот месец лани бил поголем за 62.222 странски туристи.
Во вкупниот број туристи се вбројуваат и емигрантите кои во родниот крај масовно доаѓаат за новогодишните и божиќните празници, како и за летниот одмор.
Најголем број од странските туристи се од Косово, потоа од Македонија, а ги има и од други европски земји,Чешка, Холандија, Франција.