Шефот на одбранбената агенција на ЕУ: САД нема секогаш да може да нè заштити, мора да се вооружиме

Од:

Европската Унија треба да започне заедничка набавка на оружје за да ги надополни залихите поради вооружувањето на Украина, изјави денеска шефот на Европската агенција за одбрана Јиржи Седиви, предупредувајќи дека САД можеби нема секогаш да можат да ја заштитат Европа од закани.

– Руската агресивна војна против Украина ги покажа недостатоците на нашите одбранбени капацитети, рече Седиви, шеф на Европската агенција за одбрана, тело на ЕУ кое им помага на владите-членки на ЕУ да ги развијат своите воени способности.

Тој тврди дека агенцијата е во преговори со европските производители на оружје за зајакнување на повторното производство, како и со членките на ЕУ кои размислуваат за заедничка набавка на воена опрема и муниција.

– Она што е важно е да бидеме способни, како Европска Унија, да обезбедиме кредибилно ниво на заштита на нашите граѓани, рече тој во интервју за Ројтерс и го повтори повикот до членките на ЕУ да ги слушаат советите на САД и да инвестираат. во одбраната, пренесува Хина.

– САД несомнено ќе бидат преокупирани со азиско-пацифичкиот регион и нема да можат да обезбедат некои основни услуги како што се стратешки воздушен транспорт, извидувачки авиони, прецизно наведувани ракети и воздушна одбрана, рече Седиви.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

68 проценти од Македонците се за влез во Европската унија

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски