Фудбалерите на Борусија од Дортмунд ја оправдаа фаворитската улога во неделниот натпревар од 4. коло во германската Бундес лига и заслужено со 2:1 славеа на незгодното гостување во Франкфурт.
Двата погодока за гостинот беа дело на ерменскиот интернационалец, Хенрик Мхитариан.
Осум погодоци, шест во гостинската и два во домашната мрежа беа постигнати на дуелот помеѓу екипите на Штутгарт и Хофенхајм, од кои Ведад Ибишевиќ постигна 3.