Новата претседателка на Перу, Дина Болуарте денеска најави дека може да биде прогласена вонредна состојба на целата територија на земјата поради протестите што ја зафатија по смената на претседателот Педро Кастиљо.
Како што најави таа, ќе биде организиран состанок на највисоко ниво со цел „да се процени можноста за прогласување вонредна состојба во целата земја“.
Поранешниот претседател Педро Кастиљо претходно ги повика полицијата и армијата да престанат со насилното задушување на демонстрантите и ја обвини Дина Болуарте за смртта на демонстранти.
Антивладините протести в о Перу започнаа откако Кастиљо беше соборен од функцијата шеф на државата минатата недела. Тој беше приведен набргу откако пратениците го симнаа од власт кога тој се обиде да го распушти Конгресот пред гласањето за импичмент.
Протестите беа особено насилни во главниот град на Перу, Лима.
Канцеларијата на народниот правобранител на Перу во понеделникот соопшти дека седум лица загинале од почетокот на демонстрациите во средата, вклучително и петмина во понеделникот.
Извор: МИА