Во Европа азил побарале 1310 Македонци, а добиле само 25

Од:

Во списокот од триесет земји чии граѓани најмногу барале азил во Европската унија во првиот квартал од годинава, Македонија се најде на 22 место. Во тој период, биле разгледани 1.335 барања за азил што македонски граѓани ги поднесле во некоја земја од Европската унија, пишува „Радио Слободна Европа”.

Земји од регионот кои се најдоа пред Македонија на овој список се Косово и Србија со по над 3.300 баратели за азил, Албанија со над 2.200 и Турција со 1.660 апликанти.

На врвот, како што се посочува во најновата анализа на Еуростат, одделот за статистика на Европската унија, е Русија.

Во првиот квартал од годинава, над 8.400 Руси, половина од нив под 18 години, аплицирале да добијат статус на бегалец во некоја земја од Европската унија. Тоа е за 4 илјади повеќе од лани. По Русите, со 8.400 барања следуваат Сиријците кои бегаат од граѓанската војна. Бројот на Сиријците кои сакаат да живеат во Европската унија се зголеми за 6 илјади во споредба со истиот период лани. Русите и Сиријците претставуваат скоро 20 проценти од сите баратели на азил во Европската унија.

На трето место се Авганистанците со 5.800 апликации, а на четврто Пакистанците со 4.300 барања за азил.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска