Индонезиските бизнисмени се загрижени дека новиот закон ќе го намали бројот на туристи.
Неодамна донесениот кривичен закон во Индонезија со кој се забранува секс надвор од бракот нема да важи за туристите, велат властите.
Новите одредби од законот наречени „забрана за секс на Бали“ предвидуваат затворска казна до 12 месеци за интимни односи надвор од бракот, додека шестмесечна затворска казна се заканува за соживот пред брак.
Гувернерот на Бали, туристички центар, вели дека властите нема да го проверуваат брачниот статус на туристите.
Одредбите треба да стапат во сила за три години, но се очекуваат приговори за различни делови од законот.
Законот беше донесен по притисокот на верските водачи во Индонезија, земја со мнозинско муслиманско население.