Русија може да ја смени доктрината за нуклеарни напади, Кремљ вели дека се размислува за тоа

Од:

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин посочи дека Русија може да ја промени својата доктрина за употреба на нуклеарно оружје во конфликт. Имено, сегашната руска доктрина дозволува употреба на нуклеарно оружје само во случај на егзистенцијална закана за Русија, односно како одговор на нуклеарен напад. Но, Путин сугерираше дека тоа би можело да се промени, велејќи дека Москва би можела да премине кон доктрина слична на онаа на САД, која, според него, дозволува нуклеарен напад со цел „разоружување“.

„Ако зборуваме за напад со цел разоружување, можеме да размислуваме за усвојување на најдобрите практики на нашите американски партнери и нивните идеи за безбедноста. Размислуваме за тоа“, рече Путин.

Запрашан за овие изјави на Владимир Путин, неговиот портпарол Дмитриј Песков рече: „Не се работи за некои брзи одлуки“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз