Ердоган разговараше со Путин: Сакам војната да заврши што е можно поскоро

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за почетокот на извозот на други прехранбени производи и други стоки преку коридорот за жито во Црното Море и за можното формирање на гасен центар, соопшти кабинетот на Ердоган.

Односите со Турција, која е членка на НАТО, се клучни за Русија во време кога Западот воведува нови и нови рунди санкции кон Москва поради руската агресија врз Украина, на која Анкара не се приклучи и одржува добри односи со Западот и Русија.

Турција не ја прифаќа руската анексија на четири украински региони и ја смета за „сериозно кршење“ на меѓународното право, а посредуваше со Обединетите нации за постигнување руско-украински договор за извоз на жито, од кои двете земји се најголемите производители.

„Претседателот Ердоган ја изрази својата искрена желба да стави крај на руско-украинската војна што е можно поскоро“, соопшти турското претседателство.

Анкара и Москва може да започнат со извоз на други прехранбени производи и стоки преку коридорот за жито на Црното Море, објавија од кабинетот на Ердоган.

Русија ги повика ОН да извршат притисок врз Западот да укине некои санкции за да и дозволи на Москва слободно да извезува ѓубрива и земјоделски производи, дел од договорот за извоз од пристаништата на Црното Море кој не е спроведен.

„Договорот е комплексен и бара отстранување на пречките за релевантни испораки од Русија до земјите на кои оваа стока им е најпотребна“, соопшти Кремљ.

Двете земји разговараа и за иницијатива за создавање база во Турција од која ќе се извезува руски природен гас.

„Тоа би значело пренасочување на испораките од руските гасоводи „Северен тек“ кон Европа. Гасоводите беа оштетени во експлозии во септември. Ердоган го поддржа тој концепт. Беше истакнато посебното значење на заедничките енергетски проекти, пред се во гасната индустрија“, соопшти Кремљ.

Шефот на Гаспром, Алексеј Милер, разговараше со Ердоган во Истанбул минатата недела.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ