Новата претседателка на Перу ја именуваше владата од 19 министри

Од:

Новата претседателка на Перу, Дина Болуарте, ја именуваше владата од 19 министри, меѓу кои и осум жени, откако парламентот го разреши нејзиниот претходник Педро Кастиљо.

Поранешниот обвинител специјализиран за борба против корупцијата, Педро Ангуло е назначен за премиер.

Министерството за надворешни работи ќе го раководи Ана Сесилија Герваси, а економијата Алекс Контрерас. За министер за одбрана беше назначен адвокатот Луис Алберто Отарола.

Болуарте не ја исклучи можноста за предвремени избори, како што бараа приврзаниците на поранешниот претседател.

По неуспешниот обид да се распушти парламентот и да се воведе вонредна состојба, маневар опишан како „државен удар“, Кастиљо во четвртокот беше ставен во истражен затвор во траење од седум дена по жалба на Јавното обвинителство, обвинувајќи го за бунт и заговор.

Перу смени шест претседатели во последните шест години.

Дина Болуарте е првата жена претседател на Перу во нејзината модерна историја. Таа има 60 години и по професија е адвокат.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните