Анализата на примероците и доказите кои ги прибраа тимот експерти ОН, кои ги истражуваат наводите за употреба на хемиско оружје во Сирија, ќе трае три седмици и ќе биде спроведена во Холандија, јавува Анадолија.
Во соопштението на Организацијата за забрана хемиско оружје се наведува дека анализата на примероците ќе биде направена во неколку лаборатории.
– Анализата ќе биде комплентирана во неколку европски лаборатории и ќе трае три седмици, кога и ќе биде подготвен извештајот кој ќе му биде проследен на генералниот секретар на ОН, се наведува во соопштението од Организацијата.