Девет лица загинаа, а две други се повредени денеска по експлозија на метан во рудник за јаглен во провинцијата Западна Суматра, во Индонезија, соопштија властите, пренесе ДПА.
-По експлозијата во рудникот во областа Сувахлунто пет лица успеале да побегнат од окното на рудникот, од кои двајца се здобиле со тешки изгореници, изјави Румаинур, официјален претставник на провинциската Агенција за цивилна заштита.
Портпаролот на провинциската полиција Дви Сулистиаван изјави дека и досега имало слични несреќи во оваа област, главно поради доаѓањето во конакт на ситни честички од јагленова прашина со извор на топлина.
Савахлунто го изградиле холандските колонизатори во 19 вел и бол познат како град на јагленот, пренесува ДПА.
Извор: МИА