10 дена по убедливиот триумф во Суперкупот на Италија, Јувентус и во второто коло на Серија А ја декласираше екипата на Лацио и им се придружи на чело на табелата на Наполи.
4:1 за Јувентус, со тоа што шампионот и понатаму е со максимални бодови, по стартниот триумф над Сампдорија.
Римјаните и вечерва немаа што да бараа против одличниот Јувентус се виде веќе по првите пола час игра, кога Артуро Видал два пати го совлада Маркети.
На првиот гол се чекаше 15 минути, одлична соработка Погба и Видал за 1:0, а потоа видал ја дуплираше предноста на својот тим во 27 минута, по одличната асистенција на Бонучи од центарот на игралиштето.
20130831 from IFI Four on Vimeo.
Каква таква надеж на гостите им даде Мирослав Клосе само две минути подоцна и со резултат 2:1 се влезе во второто полувреме на овој меч.
И веќе по четири минути игра во продолжението, Мирко Вучиниќ зголеми на 3:1.
Периодот до крајот на натпреварот го одбележа Карлос Тевез, кој прво ја погоди пречката, а тогаш во 80. минута со одличен гол ги постави конечните 4:1.
Во првиот натпревар од второто кола италијанската Серија А, Наполи како гостин ја совлада екипата на Киево во Верона со резултат 4:2.
До вториот триумф во исто толку мечеви, Наполи ја предводеше расложениот Марек Хамшик, кој како и против Болоња беше двократен стрелец.