Блокадата би можела да биде само пред Град Скопје, приватните превозници в сабота ќе решат дали ќе ги ослободат крстоснците

Од:

Приватните превозници најверојатно ќе ги автобусите и ќе го блокираат само Град скопје бидејќи револтот им се кон градоначалничката Данела Арсовска. Ваква најава дојде на денешната прес конфернеција на кој информираа и дека в сабота ќе имаат координација ќе и донесат конечна одлука за тоа дали ќе ги ослободат крстосниците во главниот град.

„Главната вина за оваа ситуација е кај управата на Град Скопје и бесот сè повеќе се насочува во тој правец. Излегува на виделина кој е виновен за настанатата ситуација. Оттука и можноста за протестите да бидат само пред Град Скопје“, изјави Кемал Муриќ раководителот на секторот за сообраќај и контрола во „Слобода превоз“.

Приватните превозници веќе четврти ден со 200 автобуси го блокираат Скопје. Бараат Градот да им го исплати долгот кој како што велат изнесува 90 милиони денари. Тие се поставени на неколку крсотсници и на „Илинденска“ во близина на седиштето на Град Скопје. Градоначалничката Арсовска порача дека нема да преговара со нив, а за долгот да се обратат на суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата