Градот Скопје бара МВР да ги тргне блокадите на приватните превозници

Од:

Град Скопје не се гледа како виновник за блокадите кои ги има скоро на секој булевар. Тие сметаат дека приватните превозници прават штета поради нивниот личен интерес. Многу прашања од граѓаните останаа неодогворени, бидејќи, секретарот Зоран Глигоров избега штом исчита неколку реда напишана изјава. Меѓудругото, побара МВР да ги тргне блокадите.

„Го повикуваме МВР да реагира и да преземе мерки, бидејќи приватен личен интерес врши штета на граѓаните, градот и жителите на Скопје“, кажа Глигоров.

Дециден е дека Градот им понудил решенија на приватните превозници.

„Уште на почеток од Градот беа понудени решенија. На некого тие не му одговарале. Дали поради злоупотреба или политички влијанија, ќе видиме. Тоа за кратко време ќе излезе пред лицето на вистината“, додаде тој.

Тој кажа дека тече ревизијата која е поврзана со исплатите кон приватните превозници.

„Во моментов исклучително интензивно се врши ревизија на ситуацијата. По неа, ќе се утврди состојбата. Застој во обавувањето на јавниот превоз, од страна на ЈСП, нема. Застојот е поради политички блокади и личен интерес на поединеци“, кажа секретарот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски