Италијанскиот репрезентативец Марко Верати е на прагот да потпише нов договор со францускиот првак ПСЖ. Тој ќе ја продолжи соработката за дополнителни четири сезони и треба да остане на „Паркот на принцовите“ до 2026 година.
Италијанецот, според француските медиуми, ќе добие и одредено зголемување на платата. Тој моментно заработува 14 милиони евра годишно.
Марко Верати дојде во Париз во летото 2012 година како младо момче и воопшто не заигра во Серија А иако имаше понуди од сите италијански гиганти. Тој беше еден од првите трансфери на почетокот на новата ера во парискиот клуб, а веќе десет години игра во дресот на „светците“.
Извор: Топспорт